Ди Марија ги собра симпатиите на навивачите на Јуве: Торино е мој дом!

Анхел Ди Марија ова лето својата кариера ја продолжи во Торино, град во кој истакна дека е среќен и почестен да игра за великанот Јувентус.

Ди Марија почна добро, но потоа следуваше повреда за да на последниот лигашки меч заработи и црвен картон против Монца.

Сепак се поминува и офанзивецот се надева дека во иднина ќе биде многу подобро затоа што веќе го чувствува Јувентус како свое семејство.

„Оваа фотографија е од мојот четврти или петти ден во Јувентус. Изгледаше како да сум во Јувентус четири или пет години. Оваа фотографија ја покажува наклонетоста и она што всушност е Јувентус, големо семејство. За мене тоа што пристигнав овде е повеќе од важно. Се чувствувам како да сум дома. Од првиот ден“, изјави вели Анхел.

Се вчитува...