Прославениот аргентински фудбалер Анхел ди Марија следното лето ќе стави крај на една ера во блескавата кариера со последен настап во дресот на Аргентина, потврди денеска преку социјалните мрежи.
Последниот настап на Ди Марија во дресот на „гаучосите“ ќе биде на Копа Америка кој ќе се одржи од 20. јуни до 14. јуни 2024 година, а ќе се обиде да и помогне на својата нација да го одбрани трофејот.
„Со болка во душата и кнедла во грлото се збогувам со најубавата работа која се случила во мојата кариера“, стои во дел од објавата на Аргентинецот.
View this post on Instagram
Ди Марија досега настапи на 134 натпревари за аргентинската репрезентација на кои 29 пати ја тресеше мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА