Дибала во Јувентус до 2025 година

Пауло Дибала е подготвен да потпише нов долгогодишен договор со Јувентус откако ги договори сите детали со раководството на „старата дама“. Новиот договор ќе биде со важност до 2025 година, а Дибала ќе има загарантирана плата од 10 милиони евра, плус богати бонуси. Се е веќе договорено, а официјализацијата ќе следи во наредните десетина дена, најверојатно откако Јуве ќе ја осигура шампионската титула.

„Сите знаат колку важен играч е Дибала за нас. Инвестиравме сериозни пари за да го доведеме, му го дадовме дресот со број десети секогаш верувавме во него. Сигурни сме дека тој е иднината на Јувентус“, изјави неодамна директорот Фабио Паратичи.

Вистината е поразлична од зборовите на Паратичи, бидејќи директорот на „старата дама“ со сите сили се обидуваше да го продаде Аргентинецот минатото лето, откако Сари најави дека нема сериозно да смета на овој фудбалер. Беше договорена и размена со Манчестер Јунајтед за Ромелу Лукаку, но се пропадна откако Дибала одби да се пресели на „Олд Трафорд“ и реши да се бори за место во тимот на Јувентус. Аргентинецот експресно го убеди Сари дека погрешил во првичната проценка, се наметна како стандарден првотимец и идеален партнер за Кристијано Роналдо, а како награда сега ќе потпише нов договор со значително зголемување на платата.

Се вчитува...