Дибиргаџиев по пристигнувањето во Скопје: Шкупи ме привлече поради големата армија навивачи

Воден од желбата што поподготвен да ја дочека новата сезона, Шкупи вчера потпиша тригодишен договор со 24-годишниот руски напаѓач Џамал Дибиргаџиев, кој пристигнува од рускиот второлигаш Черноморец, а претходно настапувал и за Анжи Махачкала, како и за португалскиот второлигаш Фатима.

„Во моментот кога одлучив да дојдам во Скопје, гледав и видеа од клубот и навивачите, ги споделив и видеата на Инстаграм и видов дека има голема армија на навивачи. На крајот на краиштата, сите знаеме дека фудбалот се игра за навивачите и се надевам дека за еден месец тие ќе се вратат на трибините и заедно ќе се радуваме на успесите на клубот“.

Се вчитува...