Дибиров: Секој трофеј е добредојден за Вардар

Вардар го совлада Металург во Суперкупот на Македонија со 24-26. Тој вели дека Вардар е тим кој се радува на секој трофеј.

„Секој трофеј е добредојден за Вардар. Секогаш сме среќни кога освојуваме нешто во овој дрес. Ние сме фокусирани сега на претстојниот натпревар против Порто. Успеавме да ротираме, за нас беше важно да победиме, а притоа и да одмориме. Не знам дали овој меч изгледаше убаво, тоа може да го кажат гледачите, ама најважно ни беше да победиме. Добро е што почнавме со трофеј, сакаме да ја завршиме сезоната исто. Со новиот тренер играме се подобро, но потребно е уште малку време. Верувам дека за два-три месеци ќе бидеме уште подобри“, изјави Дибиров. 

Вардар се враќа кон обврските во Лигата на шампионите каде ги очекува натпревар против екипата на Порто.

 

 

Се вчитува...