Диего Годин: Не ме е јасно зошто се шпекулира дека си одам од Интер

Диего Годин признава дека бил вистински изненаден од медиумските тврдења дека го напушта „Сан Сиро“ по само една сезона. Манчестер Јунајтед и Тотенхем се вбројувани меѓу клубовите кои се заинтересирани за ургувајскиот ветеран. Сепак, тој вели дека има намера да го комплетира договорот со Интер. Тој во Италија се пресели минатото лето од Атлетико Мадрид каде што имаше две успешни сезони. Договорот му е до 2022 година.

„Информациите за тоа дека го напуштам Интер многу ме изненадија. Овде се чувствувам добро и во клубот и со навивачите. Имам чувство дека клубот ми верува и тука сум дома. Воопшто не размислувам за напуштање на клубот. Намерата ми е да го испочитувам договорот и да уживам во авантурата за освојување трофеи со Интер“ – вели Годин.

Годин не беше на располагање за првиот натпревар по прекинот поради коронавирусот, полуфиналето портив Наполи кое Интер го загуби. Ќе биде подготвен за враќањето на Серија А, против Сампдорија в недела.

Се вчитува...