Дик Адвокат се повлекува, Холандија ќе бара нов селектор

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Дик Адвокат (70), најави дека после двата пријателски натпревари против Шкотска денеска и против Романија во вторник, се повлекува од селекторското место.

На клупата на Холандија, Адвокат дојде во мај годинава на местото на Дани Блинд, но не успеа да ја однесе Холандија на Светското првенство што ќе се одржи следната година во Русија. Во квалификациите за СП 2018, Холандија заврши на третото место во групата зад Франција и Шведска.

Ова ќе бидат моите последни два натпревари, после нив завршувам. Иако, никогаш не вели „никогаш“, можеби, сепак ќе се активирам повторно во некој клуб“ – изјави Адвокат.

Се вчитува...