Вардар го остави зад себе лошиот период, славејќи во претходното коло од Првата македонска фудбалска лига против Силекс на домашен терен. Денеска актуелниот шампион е пред нов предизвик. Гостува во Кавадарци и ќе се соочи со Тиквеш.
Императив е да се освојат трите бода, во желбата бодовно да се доближи до конкурентите за титулата уште на стартот на сезоната.

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Данев, кој беше стрелец против Силекс, ја потенцира важноста Вардар да фати победнички ритам во првенството.
„Работевме напорно изминативе денови и фокусирани сме на натпреварот со Тиквеш. Ова е многу важен меч за нас, затоа што по триумфот над Силекс сакаме да фатиме победнички ритам. Ќе сториме сѐ да ги освоиме трите бода во Кавадарци, иако знаеме дека Тиквеш игра квалитетно пред своите гледачи. Сепак, ние веруваме во нашите способности и одиме на победа“, порачува Данев.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Вардар е закажан за 17 часот и ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци. Со овој дуел се заокружува 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
