Димитар Ѓорѓиев свечено го промовираше својот нов клуб, КБК Работнички Адора

Повеќекратниот светски и европски кик-бокс шампион, Димитар Ѓорѓиев од денеска и официјално запловува и кон тренерските води по синоќешното отворање на новиот свој клуб, КБК Работнички Адора во Скопје.

Еден од најдобрите македонски кик-боксери, покрај одличната натпреварувачка кариера, се одлучи своето знаење да го преточи и кон идна обука и подготовка на млади кик-боксери за што е формиран и КБК Работнички Адора кој ќе работи во комплетно новоопремена сала со идеални услови за тренинг.

На свеченото отворање на клубот, на која меѓу другото беше прославена и европската шампионска титула на Димитар Ѓорѓиев освоена минатиот месец на Европското првенство 2018 во Братислава, присуствуваа бројни лица од светот на спортот во земјава како и негови поддржувачи и спонзори.

Ѓорѓиев на синоќешната церемонија истакна дека неговата силна желба за допринос во развојот на кик-боксот во Македонија е дополнително зацврстена и со отворањето на новиот клуб кој ќе нуди одлични услови за работи и тренинг на сите кои покажуваат желба за кик-бокс.

Се вчитува...