Димитриевски повторно одличен, Валенсија со бод против Рајо (ВИДЕО)

Две одбрани запиша Столе Димитриевски на голот на Валенсија против неговиот некогашен тим Рајо Ваљекано, во ремито 1-1 на „Местаља“. Со тоа „лилјаците“ се се поблиску до опстанокот, иако не е сигурен и во последните две кола не смее да се опушти.

Рајо доби пенал во шестата минута од мечот, Димитриевски беше пред голем предизвик, а Нтека ја погоди само стативата. Меѓутоа во 20. минута Лежен успеа да го совлада македонскиот голман откако прецизно стрелаше со глава.

Димитриевкси имаше фантастична одбрана во 31. минута, а потоа во 40. минута успеа домашниот тим да израмни. Одлично Гуера асистираше до Лопез кој штираше прецизно во долниот десен агол.

Се вчитува...