Димитриј Поповски опериран, предвреме ја завршува сезоната

Левиот бек на Работнички, Димитриј Поповски предвреме ја заврши сезоната. Тој имаше хируршка интервенција на слепо црево во Клиничкиот центар во Скопје и деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување. Со оглед дека е финиш на првенството, тој предвреме ја завршува сезоната.

Сепак, најважно е младиот фудбалер комплетно да се опорави и да биде подготвен за предизвиците на стартот на следната натпреварувачка сезона.

Работнички в петок го пречекува ФК Скопје во натпревар од 29.коло на Првата фудбалска лига.

Се вчитува...