Димитријевиќ броеше до 12 во победата на Милано

Ненад Димитријевиќ конечно доби шанса за нешто поголема минутажа во таборот на Олимпија Милано и македонскиот репрезентативец веднаш покажа дел од своите квалитети, давајќи значаен придонес во триумфот од убедливи 119-92 на дуелот со Варезе.

Италијанскиот првак одигра импресивно во нападот од самиот почеток, во сите четири четвртини избраниците на Еторе Месина постигнаа 24 или повеќе поени, па опуштеноста во одбраната воопшто не се одрази на конечниот исход.

Димитријевиќ мина на теренот 20 минути, период во кој успеа да реализира 12 поени надополнети со 4 скока и 5 асистенции. Најефикасни во таборот на Милано беа Ледеј со 26 и Шилдс со 20 постигнати поени.

Се вчитува...