Димитријевиќ доби конкуренција, екс-играч на Карпош соколи потпиша за Хувентуд

Ненад Димитријевиќ го очекува тешка битка за минутажа во Хувентуд до крајот на сезонава откако шпанскиот клуб денеска потпиша договор со Тадус Мекфејден. Станува збор за талентиран плејмејкер кој е добро познат на македонската јавност и од настапите во дресот на Карпош соколи, тим за кој играше со голем успех, но предвреме си замина поради финансиските проблеми на овој клуб.

Мекфејден доаѓа во Хувентуд од редовите на Тенерифе, откако го раскина договорот со овој шпански прволигаш пред неполн месеци, иако во просек постигнуваше по 12,4 поени по натпревар.

Хувентуд во своите редови за најдобар играч го има Аргентинецот Лапровитола, а во ситуација кога плејмејкерската позиција дополнително ќе се засили со Мекфејден, јасен е ризикот дека тоа негативно ќе се одрази врз минутажата на Македонецот токму во клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...