Димитријевиќ херој во трилер-победата на Хувентуд

Ненад Димитријевиќ имаше значајна улога во денешниот триумф на Хувентуд на дуелот со Андора, што тимот од Бадалона дури по продолжение го доби со минимални 103-101.

Големиот талент на македонската кошарка блесна кога беше најважно, во дополнителните пет минути, кога при негатива на својот тим од четири поени ја презеде одговорноста, погоди два шута и учествуваше во пресвртот и трилер-победата на Хувентуд.

Македонскиот плејмејкер го заврши мечот со шест поени (3/4 од поле) за 18 минути игра, а по доброто издание за очекување е на следните натпревари Димитријевиќ да добие уште позначајна улога во тимот на Хувентуд.

Се вчитува...