Димитријевиќ и Хувентуд елиминирани од ЛШ на ФИБА

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд неочекувано се елиминирани во второто квалификациско коло за ЛШ откако на вечерашниот реванш ремизирааа на гостувањето во Финска против Катаја (71-71).

Како пресуден се покажа големиот пад во второто полувреме на дуелот во Бадалона што Хувентуд неочекувано го загуби со 75-79, негатива што Димитријевиќ и соиграчите не успеаја да ја надополнат на денешниот реванш. Хувентуд има за што да жали бидејќи на нешто повеќе од три минути до крајот имаше одлични 61-69, откако Македонецот набрзина постигна две тројки. Сепак, наместо искусно да ја задржи предноста шпанскиот клуб падна во финишот, за потоа по промашените шутеви во последната минута да брка резултат со лични грешки, за на крајот средбата да заврши без победник, на радост на финскиот првак.

Димитријевиќ беше меѓу најдобрите стрелци во редовите на Хувентуд реализирајќи 13 поени, два скока и една асистенција, но мора да се истакнат и шесте загубени топки на македонскиот плејмејкер за нешто повеќе од дваесет минути игра.

Се вчитува...