Димитријевиќ и Хувентуд влегоа во победнички ритам

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд ја надминаа почетната криза од стартот на сезоната во Ендсеа-лигата, па екипата од Бадалона денеска славеше над Сан Себастијан со 76-67, за своја трета победа во последните четири кола од шпанското првенство.

Иако конечниот резултат е „плус девет“, мора да се истакне дека гостите беа во игра за победа до една минута до крајот, кога Хувентуд конечно успеа да се одлепи и да стигне до значајниот триумф. Димитријевиќ мина на теренот 18 минути, период во кој реализираше пет поени, пет асистенции и два скока.

Младиот плејмејкер се најде на списокот на селекторот Давитков и најверојатно ќе биде во комбинација за настап на претстојните претквалификациски средби против Словачка и Швајцарија.

Се вчитува...