Македонската кошаркарска репрезентација повторно ќе може да смета на Ненад Димитријевиќ во продолжението од квалификациите за Европското првенство.
Нашиот најдобар кошаркар се приклучи на сениорскиот состав и ќе биде еден од главните адути во обидот Македонија да обезбеди место на континенталниот собир. Од Македонската кошаркарска федерација потврдија дека целта е јасна – пласман на следното Европско првенство.
Димитријевиќ има дополнителен мотив во овој квалификациски циклус. За него ова би можело да биде последната можност да настапи на Европско првенство со македонскиот национален тим, поради што најавува максимален ангажман.
„Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство“, порача Димитријевиќ, кој повторно е дел од сениорската репрезентација.
Присуството на Димитријевиќ е значаен плус за селекторот и стручниот штаб, особено во натпреварите кои следуваат. Неговото искуство и квалитет треба да бидат важен фактор во борбата за исполнување на репрезентативната цел.
За Австрија, Димитријевиќ вели дека е сериозна репрезентација.
„За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е незгоден ривал, но имаме осум до девет дена да се спремиме заедно за мечот и да одиме во Виена на таа посакувана победа“, вели Димитријевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
