Димитријевиќ одличен и против Макаби Тел Авив

Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Арис, наметнувајќи се како лидер во новата средина во која за тренер го има легендарниот Василис Спанулис.

Арис синоќа за противник го имаше составот на Макаби Тел Авив, дуел што грчкиот тим по голема битка го загуби со резултат 87-92. Екипата на Димитријевиќ имаше двоцифрена негатива по првиот дел, но со одличната трета четвртина (28-18) целосно се врати во дуелот. Сепак, кошаркарите на Макаби беа поумешни во завршницата, на две минути до крајот резултатот беше израмнет 82-82, но финишот мина во знакот на Израелците кои на крајот се израдуваа на победата.

Македонскиот плејмејкер повторно беше одличен, за 25 минути игра реализираш 15 поени надополнети со девет асистенции и четири скокови. Тој беше најдобар стрелец во Арис заедно со Робинсон – Ерл, кој имаше дабл-дабл од 15 поени и 11 скокови.

Најдобар поединец кај Макаби беше Бонзи Колсон, повратникот од Фенербахче реализираше 23 поени за „гордоста на Израел“ на овој натпревар.

Се вчитува...