Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Арис, овојпат на гостувањето против Црвена Звезда, дуел што грчкиот тим по голема борба го загуби со 91-87.
Арис ја декласираше Црвена Звезда минатата седмица, дуел на кој Нено заработи ситна повреда, но нашиот плејмејкер беше оспособен за настап на денешниот дуел и прикажа игра со која само потврди зошто важи за лидер во тимот предводен од Василис Спанулис.
„Црвено-белите“ имаа водство во подолги периоди од мечот, но токму Димитријевиќ со седум поени во низа го одведе мечот во неизвесен финиш. Домаќините сепак беа поумешни во завршницата и на крајот стигнаа до триумф на „генералката“ во пресрет на новата евролигашка сезона.
Македонскиот плејмејкер постиггна 16 поени и беше најефикасен во својот тим, пред Толиопулос со 14 и Митро-Лонг со 13 поени. Најдобри поединци кај Црвена Звезда беа Нвора со 25 и Монеке со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
