Ненад Димитријевиќ испиша историја на македонската репрезентативна кошарка откако нашиот плејмејкер стана прв во историјата што остварил трилд-дабл на меч на нашата национална А селекција.
Македонија лесно и убедливо ја совлада Австрија во Виена, меч што мина во знакот на новиот кошаркар на Арис, кој уште еднаш демонстрираше зошто е најдобар македонски играч во последните години.
Нено одигра меч за паметење, за 32 минути игра реализираше 15 поени, надополнети со 14 скокови, 11 асистенции, како и со две украдени топки.
Меч за историја, секоја чест…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
