Димитриоски одличен во новиот триумф на Валјадолид

Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски беше во главна улога во второто коло од шпанската АСОБАЛ-лига, во мечот во кој Атлетико Валјадолид рутински го совлада тимот на Пуерто Сагунто со убедливи 33-26.

Како пресуден се покажа финишот од првото полувреме во кое Валјадоли од „плус еден“ успеа да стигне до шест гола позитива, па на одмор замина и со уште поубедливи 20-12. Ваквата предност беше рутински задржана во вториот период, во кој тимот на Димитриоски стигна до нова победа, втора во второто коло од новата сезона.

Македонскиот крилен ракометар беше најдобар поединец на мечот со шест гола без ниту едно промашување. Вториот Македонец во дресот на Валјадолид, Дарко Димитревски, го заврши овој натпревар со два погодоци од три обиди кон противничкиот гол.

Се вчитува...