Димитриоски повторно во Топ 10 најубави голови во АСОБАЛ (видео)

Димитар Димитриоски продолжува со одличните настапи во дресот на Валјадолид, откако македонскиот интернационалец неодамна потпиша и нов договор со овој шпански прволигаш.

Димитриоски повторно се најде во изборот од десет најубави погодоци во изминатата рунда од АСОБАЛ, освојувајќи го четвртото место со извонредниот цепелин на дуелот со Бидасоа.

Погледнете ги десетте најубави погодоци во шпанското елитно ракометно друштво, меѓу нив и ремек-делото на нашиот интернационалец…

Се вчитува...