Димитров: Депресија е мал збор, по „Адрија тур“ не ми се прави веќе ништо

Бугарскиот тенисер Григор Димитров говореше за случувањата по „Адрија тур“ во Белград и Задар. Димитров учествуваше на двата турнира кои ги организираше Новак Ѓоковиќ. Григор Димитров беше првиот позитивен случај од турнирот, на кој се заразија и Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, Борна Чориќ и Виктор Троицки.

„Не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво. Работите се подобруваат, како и се останато околу нас, но опоравувањето е многу тешко. Поради коронавирусот бев сам дома еден месец. Симптомите беа силни и лоши, бев вознемирен, не чувствував ниту мирис ниту вкус. Се ми поминува низ памет. Добро е што се вратив на тренинзи. Има денови кога се чувствувам добро, но има и денови кои се тешки за мене и ништо не ми се прави“, изјави Димитров. 

Димитров се уште не потврди дали ќе биде дел од УС опен кој на програмата би требало да биде на крајот на август.

Се вчитува...