Димитров позитивен на коронавирус, Ѓоковиќ мора во самоизолација?

Григор Димитров попладнево објави дека е позитивен на коронавирус, по што се појавија стравувања дека бугарскиот ас болеста ја пренел на уште неколку врвни тенисери, меѓу нив и на Новак Ѓоковиќ.

Бугарскиот тенисер беше дел од ревијалниот турнир во Белград на кој учествуваа и Ѓоковиќ, Тим, Зверев… тој требаше да настапи и во Задар, но во последен момент го откажа настапот. Првичните информации говореа дека станува збор за ситна повреда, но Димитров денеска самиот обелодени дека е позитивен на Ковид-19.

Сакам да ги известам моите фанови и пријателите дека сум позитивен на ковид-19, по тестирањата што ми беа извршени во Монако. Сакам да ги предупредам сите кои беа во контакт со мене да се тестираат и да ги преземат неопходните мерки. Жалам за проблемите што ги создадов, се враќам дома за да се рехабилитирам. Благодарам за поддршката, останете безбедни и здрави“, објави Димитров.

Останува да се види какви мерки ќе бидат преземени за Ѓоковиќ, Зверев и останатите тениски ѕвезди кои го привршуваат ревијалниот турнир во Задар, но многу лесно може да се случи да бидат задржани во самоизолација.

Се вчитува...