Димитровски, Николовски, Николиќ и Коцев ги добија признанијата „8-септември“

Агенцијата за млади и спорт ги додели Државните награди за остварување во спортот „8-ми септември“ на гала свеченоста која денеска се одржа во кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија.

Директорот на АМС, Дарко Каевски на почетокот на свеченоста, ги поздрави присутните и го честиташе државниот празник.

„На овој светол празник на нашата држава ,,8-ми септември”, голема е честа да се стои покрај овие големи имиња, кои во минатото ги направија горди своите граѓани и својата држава. Годинашните добитници на наградата, со тоа што го сторија и се уште го прават за својата земја, ја заслужија честа да бидат оние кои на најмладите генерации спортисти, оние кои на европските и светските борилишта треба да го бранат македонскиот дигнитет, ќе им го пренесат чувството на вредност на спортскиот пиедестал во насока на промоција на својата земја“, изјави Каевски.

Наградата за животно дело му припадна на претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Драган Стојановски.

На свеченоста државни признанија им беа поделени и на: Кочо Димитровски-фудбал, Атанас Николовски-кајак, Слободан Николиќ – спортска медицина и Томе Коцев – борење.

Се вчитува...