Динамо Загреб продолжува да го гради тимот со млади и перспективни фудбалери, а најновото засилување пристигнува од еден од најголемите европски клубови.
Хрватскиот гигант го договори ангажманот на 19-годишниот Ноа Нсоки, млад француски крилен напаѓач кој досега беше дел од системот на Пари Сен Жермен. Нсоки на „Максимир“ пристигнува без обесштетување, што претставува особено интересен потег за Динамо, имајќи предвид дека станува збор за фудбалер кој се смета за голем потенцијал за иднината.
Нсоки е играч кој најдобро се снаоѓа на крилните позиции, а неговата најголема предност е брзината. Французинот може да игра и на сите позиции во нападот, а со својата директност и способноста да влегува во дуели „еден на еден“ треба да претставува дополнителна опција во офанзивниот дел од составот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
