Дино Меѓедовиќ и Јуре Чолак, нови засилувања на Шкендија

Македонскиот прволигаш Шкендија ги претстави своите први засилувања во овој зимски преоден рок. Се работи за Дино Меѓедовиќ, фудбалер од средниот ред, кој доаѓа од германскиот Падерборн,  а претходно бил член и на Волфсбург, и игра на позицијата офанзивен играч за врска, и Јуре Чолак, централен дефанзивец, кој го носел дресот на Хамбург 08. Двајцата потпишаа договори со Шкендија до јуни 2018 година и во следните 18 месеци ќе бидат дел од тетовскиот прволигаш.medjedovic i jure colak 2 Дино Меѓедовиќ и Јуре Чолак доаѓаат по барање на новиот шеф на стручниот штаб Томас Брдариќ и треба да претставуваат значајни засилувања за тимот на Шкендија. Двајцата имаат по 27 години и имаат значително искуство во Германија, иако сепак не успеале да се докажат во Бундес-лигата.Меѓедовиќ е играч од средниот ред со нагласени офанзивни карактеристики, додека Јуре Чолак е централен одбранбен фудбалер, кој може да ја пополнува и десната бековска позиција.

Се вчитува...