Дино Раџа застана во одбрана на Ѓоковиќ – Само натпреварувајте се кој повеќе ќе го п*сере

Легендарниот хрватски кошаркар Дино Раџа застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ по бројните критики кои беа упатени кон првиот тенисер во светот поради организацијата на „Адриа тур“.

„Неверојатна е количината ср**а по Новак овие денови. Луѓето се натпреваруваат кој повеќе ќе го п**ере. Човекот направи се да ни помогне на нас Хрватите да се промовираме и да се обидеме да спасиме барем дел од сезоната. Дали беше грешка, секако дека да. Но, прво виновни се Димитров и организацијата, па потоа сите натпреварувачи. За споредба погледнете ги кафулињата и ноќните клубови за викендите, натпреварите, јавниот превоз. Се е полно со луѓе, никој не носи маски ниту се држи дистанца. Али секако никој не може да с**е по Анте и Мате. Туку удрете сите по Новак“, напиша Раџа. 

 

Се вчитува...