Дипломатот Зидан: Суперлига? Прашајте го претседателот тоа…

Веста за формирање на фудбалската Суперлигата направи вистински „бум“ и ги подели мислењата на фановите ширум светот, но и оние кои што се директно инволвирани во фудбалот, па изминатот ден можевме да видиме жестоки реакции на поранешни и сегашни играчи како говорат за „убиство на фудбалот“.

Сепак како што минуваат деновите жестоките напади полека го намалуваат интернзитетот, а така беше и денешната прес-конференција на Реал Мадрид, каде тренерот на „кралскиот клуб“, воедно и еден од оние тимови кои ќе се натпреваруваат во најсилната лига даде диполматски одговор.

„Тоа е прашање само за една личност, за претседателот на клубот. Јас сум тука да говорам за следниот натпревар, а останатото не е моја работа“, изјави Зиган.

Реал Мадрид по турболентната сезона се враќа во игра за одбрана на титулата во шпанското првенство, но по киксот на мечот против Гетафе, пред „белите“ сега е дуел против Кадиз.

 

Се вчитува...