Директна битка за Европа во Ѓорче Петров!

Битка за Европа во Ѓорче Петров. Фудбалерите на Македонија ЃП денеска во најинтересниот натпревар од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе ја имаат се чини последната можност вистински да останат во игра за европски излез преку домашниот шампионат.

„Лавовите“ на домашен терен ја пречекуваат Академија Пандев и само со победа ќе останат во игра за второто или третото место на табелата кои водат на европската сцена преку првенството.

Од друга страна, пак, „пандевци“ со триумф и дефинитивно би создадел безмалку недостижна предност на патот кон Европа.

Во останатите денешни натпревари, се чини резултатски интересно ќе биде за Тиквеш и Скопје кои со победи на гостувањата против Пелистер односно Борец би се доближале бодовно до Работнички и би останале во трката, на три кола до крајот, за директен опстанок во елитното друштво.

ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ

Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ

ВЧЕРА

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-0

Дориев 55′(п)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 4-1

Ѓокиќ 15′, 48′(п), Стојанов 75′, Алтипармаковски 90′(п) – Адетунџи 29′

Се вчитува...