Директорот на Интер призна: Не верувавме дека ќе ја поминеме групата, се подготвувавме за ЛЕ

Интер во 5. коло од групата „Ц“ во Лигата на шампионите, го потврди пласманот во 1/8 финалето со победата над Викторија Плзен од 4-0. Требаше да се случи чудо, за Интер да испадне од плеј-оф фазата во најелитното европско натпреварување. Меѓутоа избраниците на Симоне Инзаги против тимот од Чешка не дозволи изненадување, па така Барселона остана со празни раце, односно со „утешната награда“ пласман во Лигата на Европа.

Оваа група пред почетокот на натпреварувањето беше означена како „група на смртта“ а најголеми шанси им се даваа на Баерн и на Барселона за пласман во следната фаза. Но, Барса одигра многу лошо, веќе има три порази, и од тука ќе се сели во Лигата на Европа.

Ниту самите раководни лица од Интер не верувале дека ќе ја мина групата и ќе се пласираат во 1/8 финалето.

„Мислевме дека ќе испаднеме. Нормално, секогаш се надевамвме на најдоброто, но групата беше тешка и не се надевавме дека ќе поминеме. Буџетот го создававме очекувајќи да продолжиме во Лигата на Европа“, рече директорот на Интер, Бепе Марота.

„Овој неочекуван прилив на пари ќе ни овозможи да направиме некои работи кои беа проблематични, а тоа е новиот договор за Милан Шркињар“, изјави Марота.

Се вчитува...