Директорот на Сити ја има најглупавата изјава во историјата: ЛШ за разлика од ПЛ може да ја освоиш и на среќа, пример за тоа е Реал

Директорот на Манчестер сити Феран Соријано веројатно ја има најглупавата изјава во историјата на фудбалот. Тој вели дека главен цел на неговиот тим е освојување на Лигата на шампионите, но дека не е само до квалитетот кога е тоа натпреварување во прашање.

Тој смета дека за разлика од Премиер-лигата, Лигата на шампионите можеш да ја освоиш и на среќа, а најдобар пример за тоа е Реал Мадрид.

„Не можете да сметате на Лигата на шампионите како главна цел, бидејќи среќата игра голема улога. Може да одиграте лош натпревар или два и да го завршите натпреварувањето. Тоа не е случај со Премиер лигата. На крајот таму победува најдобриот. Затоа секогаш велиме: Премиер лигата е наш леб и путер. Таму заработуваме. Типичен пример дека ЛШ се освојува на среќа е Реал Мадрид сезонава“, изјави Соријано.

Се вчитува...