Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука ФК Башкими 1947 Куманово да се казни со забрана за играње на домашен терен во траење од четири натпревари и парична казна од 5.000 евра, поради слаба организација на натпреварот против ФК Струга Трим Лум, одигран во 28. коло од Првата МФЛ на 19.04.2026 година на стадионот „Башкими“ во Куманово.
Башкими е казнет и поради присуство на неслужбени лица на теренот и во службените простории и физички напад врз претставници и фудбалери на гостинската екипа, информира ФФМ.
На денешната седница беа изречени санкции и за Иван Варадиновски, шеф на стручниот штаб на ФК Кожуф, со забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари, како и за Трајче Ников, тренер на голмани на ФК Кожуф, исто така со забрана за вршење на функцијата во траење од два натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
