Дното е допрено, но Алварез не попушта: Барса или …

Односот меѓу Хулијан Алварез и Атлетико Мадрид го допре дното на вчерашниот дуел со Вилјареал, кога Аргентинецот беше исвиркан при влегувањето во игра, а потоа доби уште пожестоки свирежи од трибините кога прв се упати кон соблекувалните додека неговите соиграчи испраќаа поздрав до навивачите на средината од теренот.

Тренерот Диего Симеоне обелодени дека тоа била одлука на управата, а не на самиот фудбалер, во обид дополнително да биде понижен голгетерот кој по секоја цена сака да издејствува трансфер во Барселона.

Ставот на Атлетико досега беше дециден – Хулијан не смее да заврши во редовите на лутиот ривал, но на помалку од десет дена до преодниот рок сега и мадридскиот тим е во небрано, бидејќи Симеоне е свесен дека за да доведе нов врвен голгетер ќе му требааат парите од Аргентинецот. А без нов напаѓач, Атлетико ќе нема никакви шанси во борбата за највисок пласман.

Како план Б се споменува Арсенал, Атлетико е подготвен да прифати договор со англискиот првак, но постојат два проблема – првиот – „топчиите“ нудат 100 милиони евра, а мадридскиот клуб бара 150 милиони, и вториот – Алварез не сака да се врати во Премиер-лигата, туку инсистира на трансфер во Барселона.

Како што стојат работите во моментов, Алварез и понижен нема намера да попушти, па или ќе му биде дозволен мегатрансфер во Атлетико, или ќе остане во клубот најмалку уште шест месеци, тренирајќи и играјќи со минимална минутажа, притоа заработувајќи речиси милион евра месечно во Мадрид.

На потег е управата на Атлетико…

Се вчитува...