Доби отказ од Баер Леверкузен, сега седнува на клупата на Лион

Петер Бош е нов тренер на Лион откако управата на францускиот клуб постигна договор за овој стратег да го наследи Руди Гарсија, кој си замина од „Жерлан“ по конфликтите со директорот Жунињо.

Прв избор на Лион беше Кристоф Галтие, но шампионскиот тренер на Лил на крајот реши да се пресели во Ница, по што претседателот Ола почна разговори со останатите кандидати за функцијата. На крајот, изборот падна врз Бош откако холандскиот стратег ги прифати понудените услови за двогодишна соработка. Поранешниот тренер на Ајакс и Борусија Дортмунд ланската сезона го водеше Баер Леверкузен, но во месец март доби отказ од „фармацевтите“ по серијата слаби игри и очајни резултати.

Пред Бош е сериозен предизвик ако се знае дека Лион летово ќе остане без неколку стандардни првотимци кои ќе го напуштат клубот, предводени од најдобриот стрелец Мемфис Депај.

Се вчитува...