Добра вест за Македонија: Адеми нема сериозна повреда

Македонската фудбалска репрезентација на престојните средби на мундијалските квалификации ќе може да смета на услугите на еден од најзначајните играчи во нашиот состав, Аријан Адеми.

Капитенот на Динамо на вчерашниот натпревар против Тотенхен во Лига Европа пред самиот крај на дуелот се здоби со повреда по која работите не изгледаа идеални. Сепак по медицинските прегледи утврдено е дека не станува збор за сериозна поведа и репрезентативецот ќе може бргу да се врати на терените.

Ова е одлична вест за Македонија со оглед на тоа што квалификациските натпревари за престојниот Мундијал ги отвараме против Романија во 25 март, три дена подоцна играме на домашен терен против Лихтенштајн, додека на 31 март гостуваме кај фаворизираната Германија.

Се вчитува...