Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и репрезентативец на Аргентина Оскар Ругери стоперот на Барселона, Жерард Пике го прогласи за „просечен фудбалер“.
„Пике е втора класа, просечен фудбалер, како мене, како многу други. Добро изгледа во врска е со пејачка, има кул брада, но да игра за Валенсија никој нема да знае за него. Но, на негова среќа заврши во Барселона. Тој е како мене потполно просечен. За разлика од него Рамос е најдобриот стопер во светот“, изјави Ругери.
Ругери беше дел од репрезентацијата на Аргентина која во 1986 година предводена од Диего Армандо Марадона стигна до титулата на Светското првенство во Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА