Германецот Даниел Шлагер ќе биде главен судија на саботниот натпревар од Б-дивизијата во Лигата на нации меѓу Македонија и Швајцарија.
36-годишниот Шлагер е добро познат за македонската репрезентација ако се знае дека пред две години ни судеше, исто така во Лигата на нациите, против Фарските острови во Скопје, а беше и четврти судија во март на плејоф мечот за пласман на СП 2026 во Копенхаген кога загубивме од Данска со 4-0.
На Шлагер во сабота на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе му помагаат сонародниците Свен Вашицки, Тобијас Фрич и Робин Браун.
Натпреварот, кој се игра од 20:45 часот, е прв од новата сезона во Лигата на нациите. Македонија е во група уште и со Словенија и со Шкотска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
