Договорено: Донарума во ПСЖ до 2026 година

ПСЖ комплетираше уште еден трансфер како слободен играч, откако по Џини Вајналдум францускиот гигант ги договори и сите детали од соработката со Џанлуиџи Донарума. Италијанскиот репрезентативен голман долго време беше поврзуван со Јувентус, интерес покажа и Барселона, но „светците“ како и во случајот на Вајналдум понудија супериорни финансиски услови во однос на ривалите.

Така, Донарума ќе потпише петгодишен договор со ПСЖ за плата од 12 милиони евра по сезона, двојно повисока сума од онаа што ја заработуваше во Милан. Лекарските прегледи се закажани за среда во Рим, а по нивното комплетирање трансферот ќе биде официјализиран на веб-страницата на францускиот гигант. Иако постоеја најави дека Донарума би можел да биде испратен на едногодишна позајмица, „светците“ донеле одлука тоа да не се случи, Италијанецот да остане и да се бори за првотимскиот статус со Кејлор Навас.

Приоритет за ПСЖ до крајот на преодниот рок ќе биде да се засилат бековските линии, веќе е испратена понуда од 60 милиони евра за Ашраф Хакими од Интер, додека за левата страна се најавува офанзива по Тео Хернандез од редовите на Милан.

Се вчитува...