Давис Бертанс одлучи да се повлече од летонската репрезентација по 15 години настапување за националниот тим.
Бертанс дебитираше за својата земја уште во 2011 година, а на 34-годишна возраст одлучи да им го отстапи местото на помладите играчи. Тој се прости од својот сакан дрес со емотивна порака на социјалните мрежи.
„Ви благодарам за прекрасните 15 години! Поминаа точно деценија и половина од мојот прв официјален натпревар во дресот на сениорската репрезентација на Латвија. Дојде време да го послушам своето тело, но со голема радост и гордост за се што доживеав во овие 15 години. Дојде време да ставам крај на мојата репрезентативна кариера“, напиша Бертанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
