Доминација на Микаела Шифрин, дојде до 50-та победа во кариерата

Микаела Шифрин е победничка на слаломот кој денеска се возеше во француски Куршевел.

Фантастичната Американка дојде до 50-та победа во кариерата, славејќи пред Петра Влхова од Словачка и Швеѓанката Фрида Хансдотер која заврши на третата позиција.

Шифрин уште еднаш покажа дека едноставно е незапирлива, и дека ништо не може да ја запре на патот кон титулата најдобра светска скијачка.

Шифрин е убедливо прва во вкупниот пласман во Светскиот куп со 889 бода, пред Влхова со 388 бода и Мовинкел која има 367 бода.

Се вчитува...