Доминација на Шкупи за титулата по долго време да се врати на Чаир!

Шкупи и официјално денеска ја обезбеди шампионската титула. Со победата над Ренова на свој терен од 2-0 во последните 10 минути од мечот, и официјално титулата се враќа на Чаир после 21 година.

Избраниците на Гоце Седлоски на четири кола до крајот успеа да направи недостижна предност на табелата, па така после доминацијата на Шкендија и на Вардар во последните неколку години, сега Македонија доби нов првак. Големо славје на „Чаир“ после завршувањето на мечот, а фудбалерите славеа заедно со публиката.

Шкупи во моментов има 13 бода предност на четири кола до крајот, што ги прави недостижни на првото место на табелата. Останува уште само битката за Европа преку прволигашката табела и финалето на Купот, а потоа и баражите за пласман во првата лига.

Се вчитува...