Италијанецот Доминик Парис повторно победи во Бормио. На домашен терен врза спуст и супер-џи победи на атрактивната и тешка патека Стелвио. Парис денеска славеше на супервелеслаломската трка и ја продолжи доминацијата во италијанскиот центар од последниве три години.
Само една стотинка послаб резултат на вторто место имаше Австриецот Матијас Маер. Третото место му припадна на Норвежанецот Александер Омод Килде кој успеа да ја разбие австриската доминација од втората до шестата позција.
Специјалистот за брзи дисциплини, норевешкиот фаворит Аксел Лунд Свиндал заврши дури на 15. позиција, но го задржува лидерското место ов поредокот за дисциплината. Во генералниот пласман, Марсел Хиршер кој не ги вози брзите дисциплини и не се натпреваруваше во Бормио останува сигурен лидер.
Трката беше во речиси полчасовен прекин поради падот на норвешкиот скијач Стијан Сагештад кој излета од патеката и со хеликоптер беше пренесен во болница. Вчера на спусот сличен пад имаше Словенецот Клемен Коси за кого последните инфромации велат дека е пуштен од болница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА