Доминик Парис триумфираше на суператрактивниот спуст во Кицбил

Италијанецот доминк Парис ја доби големата битка со Швајцарецот Беат Фојц за тирумф на престижната спуст трка од Аплскиот светски скијачки куп во Кицбил на тешката патека Штрајф. Парис имаше за 20 стотинки подобар резултат од Фојц,  на третото место заврши Австриецот Отмар Штрајдигер. За италијанецот ова е трет победа во кариерата на озлогласената патека.

Со денешниот тирумф тој се проби на втортата позиција во поредокот за спуст со 100 бода помалку од водечкиот Фојц кој останува сигурен лидер.

Во генералниот пласман неприкосновен на водечкото место е Марсел Хирешер кој има речиси двојно повеќе бодови од Хенрик Кристоферсон на вторто место. За утре во Кицбил е закажан слалом.

Се вчитува...