Доминик Тим ги потврди шпекулациите: Заминувам во пензија!

Австрискиот тенисер Доминик Тием потврди дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.

Победникот на УС Опен во 2020 година најверојатно кариерата ќе ја заврши на домашен терен на турнирот во Виена кој ќе се одигра од 21. до 27. октомври.

„Можам да потврдам дека оваа сезона ќе ми биде последна во кариерата. Има неколку причини за оваа одлука. Прво мојот зглоб не е како што треба. Втората причина она што го чувствувам во себе. Мислев на ова многу долго и внимателно размислував за целото патување, што беше неверојатно. Затоа мојата одлука е дека заминувам во пензија“, напиша Тим. 

Се вчитува...