Австрискиот тенисер Доминик Тим не се сложува со големата тројка дел од заработувачката да ја подели со послабо рангираните тенисери на АТП листата. Тој како главна причина за својата одлука го наведува фактот дека голем дел од тие тенисери се однесуваат непрофесионално.
„Никој од послаборангираните тенисери не мора да се бори за живот. Имам видено голем дел на тенисери од ИТФ кои не се посветени сто отсто на овој спорт. Многу од нив не се однесуваат професионално. Не гледам причина зошто пари да им давам на нив. Би ги донирал тие пари на луѓе на кои стварно им се потребни“, изјави Тим.
Доминик Тим годинава на Австралија опен го играше своето трето грен-слем финале каде во маратонски меч во пет сета загуби од Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА