Кошмар за Серхио Рамос: Ограбена му била куќата, додека во неа биле неговите четири деца

Четирите деца на Серхио Рамос биле во сопствениот дом кога истиот бил ограбен од страна на професионални крадци кои си заминале со бројни драгоцености, открива шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“.

Настанот се случил додека Рамос настапувал за Севилја во Лигата на Шампионите, а во домот не била ниту неговата сопруга. Децата биле оставени со дадилки и за среќа истите не биле повредени во целиот инцидент.

Според полицијата станува збор за добро организирана група на криминалци кои успеале да го исклучат алармот и да заминат од куќата со часовници, накит, облека и значителна сума пари.

Ова не е прв обид домот на Рамос да биде ограбен. Истото се случи и во 2012 година во Мадирд, но тогаш фудбалерот се најде на лице место на настанот па крадците не успеаја во обидот.

Се вчитува...