Дон Карло испиша историја – Анчелоти е тренер со најмногу победи во ЛШ

Италијанскиот стратег, Карло Анчелоти испиша нова историја во Лигата на шампиони откако Реал Мадрид вечерва со 5-1 го совлада Селтик во последното коло од групата Ф.

За Италијанецот ова беше 103 победа во елитата со која го мина легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој сега останува на 102 победи. Интересно е тоа што специјализираниот институт за статистика „Опта“ смета дека Анчелоти вечерва го израмни рекордот на Фергусон, бидејќи не го смета триумфот на Милан против Интер од сезоната 2004/2005.

Тогаш натпреварот беше прекинат поради дивеење на навивачите на „нероаѕурите“, а Милан службено беше прогласен за победник.

 

Се вчитува...