Донарума: Да го заборавиме минатото, Италија сака да ја освои Лигата на нации

Италија синоќа ја победи Унгарија со 2-0 и го освои првото место во групата која ја носи во самата завршница, борбата за пехарот во Лигата на нации. Еден од главните херои на „аѕурите“ беше Џанлуиџи Донарума кој беше фантастичен на голот.

Голманот на ПСЖ имаше неколку одлични интервенции со кои ја сочува межата и помогна неговиот тим да дојде до трите потребни бода.

„Ова ни беше потребно за да го вратиме ентузијазмот иако ништо не може да ја залечи отворената рана со неиграњето на СП. Сепак, беше важно да го заборавиме минатото и да се рестартираме, за цела Италија и за оние кои веруваа во нас. Добро ја започнавме групата со две победи, сега стигнавме до фајналфорот и ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на нации“, потенцираше Донарума кој уште еднаш го потврди својот квалитет.

Се вчитува...