Лука Дончиќ наскоро ќе ја започне седмата сезона во Далас Маверикс. Словенечкиот репрезентативец на средбата со новинарите, меѓу другото, зборуваше и за големото засилување во Тексас, поранешниот играч на Голден Стејт, Клеј Томпсон.
Далас го доведе искусниот бек како би им помогнал на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг во походот кон титулата.
„Неверојатно. Клеј е четирикратен шампион, одличен играч, бев многу возбуден кога потпиша со нас. Едвај чекам да играм со него“, изјави Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА